ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО РОМАНИЈА! Во Дунав паднало комбе, а не минибус!

Потрагата по возилото траела неколку часа, а како што јави Либертатеа, возилото било лоцирано и внатре било пронајдено тело.

Набрзо било утврдено дека се работи за товарно комбе, а не за минибус. во комбето во моментот на несреќата бил само возачот. Утврдено е дека е бугарски државјанин.

Нуркачите во моментов продолжуваат со потрагата и извлекувањето на возачот и возилото од водата. Екипите за итни случаи треба дефинитивно да утврдат дали има уште жртви во возилото. Сообраќајот на погодениот дел од мостот е обновен откако беше во прекин повеќе од три часа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното