Метеорологот Славчо Попоски направи деталната анализа за првата половина на месецот август споед која можно е задржување на циклонот Флоријан во Македонија, што значи често понестабилна атмосфера од колку стабилна.
Кога станува збор за нестабилност се подразбира за локална појава на поројни врнежи, грмежи и засилување на ветерот, а локално процесите може да бидат застапени и во форма на невреме проследено со нешто поинтензивни поројни врнежи од дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе бидат и тоа во текот на следната недела како што претходно најавивме во пораст но сепак ќе бидат во границите на нормалата или пак нешто под нормалата и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.
Секако ние континуирано ќе ја следиме временската состојба и развојот на истата и за секоја промена граѓаните навремено ќе бидат информирани.