Дете почина од инфекција со смртоносна амеба што јаде мозок , соопштија во средата здравствените власти во американската сојузна држава Невада, објави ABC News.
Ова е многу редок случај. Луѓето можат да се заразат со оваа амеба доколку во нивното тело навлезе контаминирана вода, обично додека пливаат.
Се претпоставува дека детето се заразило од загадено езеро. Здравствените власти го уверуваат населението дека ваквите случаи се многу ретки.
Инфекцијата со Naegleria fowleri може да предизвика главоболка, треска, гадење, повраќање, вкочанет врат, напади и кома, што може да доведе до смрт.