4NEWS.mk

Детектор: 40% од граѓаните сметаат дека договорите со Грција и Бугарија биле погрешни одлуки

Граѓаните поделени околу оправданоста на договорите со Бугарија и Грција кои ги потпиша актуелната влада, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, направена по нарачка на Детектор.
Според неа, 40% од анкетираните сметаат дека гледано од денешен аспект, Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот за промена на уставното име со Грција биле погрешни одлуки.
Сепак, речи си ист толкав број граѓани се убедени во спротивното. 38,4% од анкетираните сметаат дека овие два договори кои требаше да ги деблокираат македонските евроатлански интеграции биле правилна одлука. 21,6% од анкетираните немаат одговор на ова прашање.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски, во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни