Деца го формираа знамето во Прилеп – започна чествувањето за 11 Октомври

Прилеп го започна одбележувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание со впечатлива манифестација во која учествуваа околу 1.200 ученици од основни и средни училишта. Учениците на градскиот плоштад го формираа македонското знаме, традиција што се одржува од 2010 година.

„Ова е чест и гордост за учениците, а интересот расте секоја година. Планираме догодина да вклучиме уште повеќе млади,“ изјави професорот Златко Думбалоски од ОУ „Добре Јованоски“.

Со овој настан започнуваат чествувањата за 84-годишнината од Востанието. Вечерва во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на Друштвото на ликовни уметници, а на плоштадот ќе се одржи свечена програма со обраќање на градоначалникот Борче Јовчески и традиционален огномет.

Утре, на самиот празник, ќе се положат цвеќиња пред спомениците на народните херои, а во 12:30 часот ќе се одржи свечена академија на која ќе говори премиерот Христијан Мицкоски. Во чест на 11 Октомври, ќе има и саем на земјоделски производи, изложба на автомобили и крводарителска акција.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.