Децата на Вилијам и Кејт ќе тргнат во школо со нови имиња

Децата на принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт, наскоро треба да ја започнат својата втора година во подготвителната школа Ламбрук во Беркшир, а наставата ќе ја започнат без кралски титули, со имињата како и сите други деца. Принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5) се запишаа во училиштето во септември минатата година, а сега ќе започнат со шесто, четврто и прво одделение.

Иако тие се можеби најпрепознатливите деца на планетата, на училиште се познати едноставно како Џорџ Велс, Шарлот Велс и Луис Велс, што им дава понормално училишно искуство отколку да ги нарекуваат принц и принцеза. Пред да ги променат титулите на нивните родители, кралските деца го користеле презимето Кембриџ. Принцот Вилијам и неговата сопруга по смртта на кралицата Елизабета Втора станаа принц и принцеза од Велс, па нивните деца го сменија и презимето.

За време на нивното школување, Вилијам и неговиот брат принцот Хари го користеле и презимето Велс, иако и децата од кралското семејство можат да го користат името Виндзор. Машките потомци на монарси без титули го користат презимето Маунтбатен-Виндзор, кое го воведе кралицата во 1960 година, а за првпат беше употребено во 2013 година од Лејди Луиз, ќерка на принцот Едвард и Софи, војвотката од Единбург.

Децата на принцот Хари и Меган Маркл, четиригодишниот принц Арчи и двегодишната принцеза Лилибет се познати и по презимето Маунтбатен-Виндзор.

Децата на принцезата Ана, кои не потекнуваат од машката линија, Зара Тиндал и Питер Филипс, соодветно, го носат презимето на нивниот татко. По бракот, Зара го зела презимето на нејзиниот сопруг.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното