Девојче се облече како кралицата Елизабета и добила писмо од неа

Добро позната поговорка е дека имитирањето е најдобрата форма на ласкање и се чини дека британскиот монарх со најдолг стаж е свесен за тоа.

Кралицата Елизабета Втора наводно испратила писмо до малото дете кое беше маскирана во неа за Ноќта на вештерките.

„Кралицата сака да ви се заблагодари за вашето писмо и за фотографијата што внимателно ја прикачивте“, пишува Today за зборовите напишани од асистентката на кралицата, Мери Морисон кон родителите на едногодишната Џејлајн Сатерленд.

„Нејзиното височество е воодушевено што и пишавте, а кралицата беше задоволна што ја виде фотографијата на вашата ќерка Џелајн во нејзиниот прекрасен костим“.

Фотографиите што родителите на Џејлајн ги споделија на Фејсбук покажуваат дека девојчето ја прославува Ноќта на вештерките во облека што се чини дека ѝ ја позајмила кралицата.

Според мајката, костимот на Џелејн бил голем хит меѓу сите што го виделе.

„Додека одевме на Ноќта на вештерките, добивме многу, многу комплименти“, изјави Сатерленд за Нотингемшир Лајв.

„Но, моите омилени реакции беа кога луѓето и се поклонуваа или кралски мавтаа и рекоа: „Ваше височество!“

Сатерленд рече дека подоцна и испратила на кралицата фотографија од нејзината ќерка во нејзиниот костим и дека навистина не очекувала да добие одговор.

Семејството, сепак, е воодушевено кога дозна дека кралицата го одобрила костимот на Џелајн.