Една Тиктокерка сподели необична приказна за нејзиното семејство. Според „The Sun“, девојката направила ДНК тест во 2018 година со цел да открие во кои земји одат нејзините корени.
Резултатите покажале дека таа не е стопроцентна Италијанка како што мислела, но и некои други шокантни работи.
Непозната жена ја контактирала и рекла дека се сомнева дека нејзината ќерка и Изи се сестри бидејќи тестовите се поклопуваат. Изи била збунета и само накратко одговорила дека не знае за кого се работи. Жената потоа ја прашала дали дошла на светот со помош на донатор на сперма – и таму почнала да ја фаќа паника.
„Сфатив дека имам сестра“, изјави Изи
Тиктокерката објаснува дека има две мајки кои користеле донатор на сперма за да добијат дете, а потоа и била известена за други жени кои користеле ист донатор, со што и било дадено до знаење дека таа не и е единствена сестра.
Таа и го открила и името на приватна група на Фејсбук во која се собрале сите браќа и сестри кои потекнуваат од истиот донатор, а кога се приклучила имала што да види – сите заедно ги има дури 50!
„Параноични сме што случајно би можеле да стапат во врска со некој со кој всушност сме поврзани“ – рече таа и додаде дека навистина не сака да развие подлабок однос со тие луѓе бидејќи ситуацијата и е прилично непријатна.
„Сочувствувам. Имам дури 100 браќа и сестри“ – напишала една личност.
@izzyvn_98 what a life lol #donorbaby #triplets #siblingcheck #ancestrydna #IDeserveTuitionContest #fypシ #ZFlipClackdown
♬ original sound – Sarah Cothran
