Џ.Д. Венс: Фантазија е да се помисли дека Украина може да победи со повеќе пари и оружје од САД

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека секој план за запирање на војната на Русија во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет и да биде прифатлив за двете страни, објави Ројтерс.

Во исто време, Венс рече дека е „фантазија“ да се верува дека Украина може да победи ако САД му дадат на Киев повеќе пари или оружје или воведат повеќе санкции врз Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток објави нов мировен план за Украина, кој предвидува територијални отстапки на Русија, дури и поголеми од територијата што моментално ја контролира, отфрлање на членството на Украина во НАТО и ограничување на големината на украинските вооружени сили.

Вчера, Трамп и даде рок на Украина до четврток да го прифати планот.

Од своја страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето во петокот рече дека планот ја става Украина пред „многу тежок избор – или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер“.