Џафери ги демантира информациите од Бачев за тројцата пратеници

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, најостро ги демантира информациите изнесени од лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието.

Од Собранието информираат дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. „Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно.  75. седница на Собранието на Република Македонија се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница.“, велат од таму.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното