Поврзи се

Македонија

Џафери за 27. април, за Вељановски, Мукоски… „Не служев на ВМРО-ДПМНЕ, но дали тоа го правеше СДСМ?“

Published

on

Откако замина од функцијата Претседател на Собранието, Талат Џафери во емисијата „Клик Плус“ ги разјасни сите дилеми и критики за него, почнувајќи од случајот кога не им беше одземен пратеничкиот мандат на Трајко ВељаноВски и Крсто Мукоски и кога не свика седница за Законот за Јавно обвинителство.

Прашан дали и служеше на ВМРО-ДПМНЕ, кога не им го одзема мандатот на Трајко Вељановски и Крсто Мукоски, изјави дека таков впечаток создале членовите на СДСМ, кои ги повика да одат и да прашат во партиските органи зошто немало кворум за овие прашања.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Сите тие претенденти, кои се членови на СДСМ, кои обвинуваат дека сум и служел на ВМРО-ДПМНЕ, ги советувам да одат во партиските органи, да комуницираат со субјектот на кој и припаѓаат, да видат од каде извираат сите тие работи, а од друга страна за да се образложат, вела дека виновен е Талат Џафери бидејќи и служи на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Џафери.

За да ја коментира изјавата на Џафери и да дознаеме дали СДСМ имала впечаток дека Џафери и служел на ВМРО-ДПМНЕ, го прашавме портпаролот на партијата, Костадин Костадинов. Тој негира такво нешто, но не одговори дали СДСМ и служела на ВМРО-ДПМНЕ?

Вељановски и Мукоски се осомничени за нападите на 27 април во Собранието, првиот како организатор, а вториот за отворање на вратите на Законодавниот дом. Џафери зборуваше и за случајот на 27 април, според него, моментот кој никогаш нема да го заборави е кога Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ го прашал за канцеларијата на пратеникот и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

„Нормално дека прашањето кое никогаш нема да го заборавам, е на Никола Тодоров – Која е канцеларијата на Зијадин Села“, рече Џафери.

Џафери иако на чело на Собранието беше назначен со политички договор меѓу СДСМ и ДУИ, кон него често обвинувања упатуваше и СДСМ. Тоа се случи и на денот кога на пленарна седница требаше да најде Законот за ЈО, кој, како што рече Џафери, се одолговлекуваше поради тоа што првично беше испратен погрешен текст. Првите сигнали за погрешен текст беа дадени од пратеникот, Артан Груби и вицепремиерот, Бујар Османи. Потоа, Владата го промени текстот и законот беше усвоен на денот кога се распушташе Собранието.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Заев

Македонија

Талески: Пресудата е резултат на политички прогон и монтиран политички процес против мене

4NEWS.mk

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

4NEWS.mk

Србија/Ковид-19: Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија

4NEWS.mk

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот е веќе над милион

4NEWS.mk

Негативен на Ковид-19 е резултатот на бебето родено на 30-ти март на ГАК од мајка позитивна на вирусот

Македонија

Лукаревска од УЈП во „Click Plus“ ги објаснува процедурите за користење на мерките на Владата

Македонија

Ангеловска: Се соочуваме со голем предизвик, ова претставува проблем за буџетот

Македонија

Продолжува репатријацијата на затекнатите граѓани во странство, уште еден чартер лет за Берлин и Бон

Македонија

Што со работниците кои добиле отказ или понуден им е спогодбен договор? Одговара Ангеловска во #ClickPlus

Реклама