Џихан Ахмед која беше кандидат за член на Комисијата за дискриминација си поднесе оставка.
На расправата, и покрај тоа што е магистер по меѓународно право, Ахмед не успеа да демонстрира основно познавање на Истанбулската конвенција, која претставува клучен документ за заштита на жените од насилство. На прашањето за правните основи на конвенцијата, таа одговори со историски осврт за градот Истанбул и периодот на Ататурк, наместо да ги објасни механизмите за заштита од дискриминација кои ги предвидува конвенцијата.
Според Законот, член на Комисијата за дискриминација мора да има најмалку седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои најмалку пет години во сферите на еднаквост и недискриминација. Ревизијата на јавно достапното CV на Ахмед покажува дека таа нема работно искуство во оваа област. Нејзиното досегашно професионално искуство е во приватни фирми, како универзитетски асистент и професор во средно училиште, со акцент на корпоративна безбедност, што не ја квалификува за функцијата во Комисијата.
