Големиот астероид се движи кон Земјата и ќе прелета покрај нашата планета на 18 јануари 2022 година, според најновите информации на Центарот за студии на Земјата на НАСА.
Астероидот беше означен како 7482 (1994 PC1). Се верува дека е околу 2,5 пати повисок од Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк или Голден Гејт во Калифорнија.
Како што истакнаа во НАСА, астероидот има дијаметар од 1.052 километри и период на ротација од околу 2,6 часа.
Вселенската агенција го класифицираше како потенцијално опасен астероид поради неговата големина и релативно блиските летови околу нашата планета.
Се очекува астероидот да помине покрај Земјата на оддалеченост од 1,98 милиони километри на 18 јануари.
Станува збор за астероидот „Аполо“, кој во 1994 година го откри австралискиот астроном Роберт МекНут.
Овој астероид направи полн круг околу Сонцето за една година и седум месеци. Огромен „вселенски патник“ може да се набљудува дури и со основни телескопи на секои 47 години.
Следниот пат кога ќе биде блиску до Земјата е во 2105 година.
Астероидот се движи со брзина од 70.515 километри на час, а на ноќното небо ќе изгледа како ѕвезда што паѓа.
Според анализата на НАСА, оваа голема вселенска карпа нема да се судри со Земјата уште најмалку 100 години.
A Giant Asteroid Bigger Than The Empire State Building Is About to Zip Past Earth https://t.co/rThOgAimyf
— ScienceAlert (@ScienceAlert) January 5, 2022
