Џон Траволта го поддржа Брус Вилис: Ние сме добри пријатели, тој е многу дарежлив

Џон Траволта се огласи откако беше објавено дека Брус Вилис боледува од афазија. Тој упати зборови на поддршка до својот колега и пријател.

„Брус и јас станавме добри пријатели на снимањето на нашите два хит филмови – Pulp Fiction и Look Who’s Talking. Години подоцна тој ми рече: „Џон, сакам да знаеш дека кога ќе ти се случи нешто добро, се чувствувам како да е истото за мене се случува. Таков е тој дарежлив. Те сакам Брус“, напиша Траволта покрај нивните заеднички фотографии.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Рајскиот град е последниот филм што Брус и Џон го направија заедно.

Семејството на Вилис објави дека тој се повлекува од актерството поради дијагноза на афазија. Како што истакнаа, тој се соочил со одредени здравствени проблеми, кои се одразиле на неговите когнитивни способности. Изјавата е потпишана од неговата сегашна сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур и сите негови деца.

После тоа, голем број познати личности и колеги на Брус се јавија да му дадат поддршка на актерот и неговото семејство.