Гласините дека Амал и Џорџ Клуни се разведуваат повторно се разгореа. Познатиот пар според извори е во фаза на „пробно раскинување“, а еве што е најголемиот проблем за омилениот тандем од јавната сцена.
Во 2014 година Џорџ Клуни (63) се ожени со Амал Клуни, 17 години помлада од него адвокатка, а со неа пред седум години ги доби близнаците Ела и Александар. Нивните индивидуални обврски создадоа дистанца меѓу нив, вели упатениот.
Раздорот настана откако Џорџ Клуни одлучи да создаде Бродвејска адаптација на неговиот филм Good Night and Good Luck, пишува RadarOnline. „Колку што е горда Амал што го остварува својот сон на Бродвеј, не беше лесно да се одвојат еден од друг толку долго и поради тоа се оддалечија.