„Џорџо Армани“ откажа ревии во Милано и Париз

Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ ги откажа своите машки ревии во Милано и Париз поради загриженост за безбедноста на учесниците.

Во соопштението се наведува дека компанијата жали за ваквите одлуки, но тие се донесени поради влошената состојба со коронавирусот во светот.

„Модните ревии се многу важни и незаменливи можности за претставување нови колекции“, рече основачот на брендот и моден дизајнер Џорџо Армани, објаснувајќи дека безбедноста на учесниците, вработените и посетителите, е приоритет на неговата модна компанија.

Компанијата објави дека ќе ги откаже машките ревии на претстојните два настана во јануари.