Македонија

Димитар Љоровски назначен за член на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија

Во пресрет на утрешната средба, Министерството за надворешни работи го достави предлогот на Комисијата до Владата на Република Северна Македонија, која го назначи Димитар Љоровски за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа.

Димитар Љоровски е историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни