Димот од шумските пожари е поопасен отколку што се мислеше претходно

Чадот од шумските пожари е многу поопасен отколку што се сметаше претходно, покажа ново истражување, проценувајќи дека смртните случаи предизвикани од краткотрајна изложеност на фини честички PM2.5 се потценети за 93 проценти.

Истражувачите откриле дека просечно 535 луѓе годишно во Европа починале помеѓу 2004 и 2022 година од вдишување на ситни токсични честички познати како PM2.5, кои се ослободуваат кога беснеат шумски пожари, објавува Гардијан.

Со стандардни методи, кои претпоставуваат дека PM2.5 од пожарите се исто толку опасни како и честичките од други извори, како што е сообраќајот, би се очекувале само 38 смртни случаи годишно.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.