Директорот на ЦИА: Вашингтон ја прекина размената на разузнавачки податоци со Украина

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција Џон Ретклиф денеска истакна дека Вашингтон ја прекинал размената на разузнавачки податоци со Украина.

„Ќе соработуваме со Украина бидејќи мораме да ја потиснеме агресијата, но и да му овозможиме на светот да биде во подобра ситуација за напредок на мировните преговори“, рече Ретклиф.

Од почетокот на руската агресија врз Украина во 2022 година, Вашингтон му обезбедува на Киев значајни разузнавачки информации.

Советникот на Трамп за национална безбедност, Мајк Волц, денеска им изјави на новинарите дека Вашингтон „презеде чекор назад“ и дека „ги разгледува сите аспекти“ на разузнавачката соработка со Украина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното