Дисциплинска комисија на ФФМ: Башкими суспендиран четири меча поради инцидентот со Струга ТЛ

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука ФК Башкими 1947 Куманово да се казни со забрана за играње на домашен терен во траење од четири натпревари и парична казна од 5.000 евра, поради слаба организација на натпреварот против ФК Струга Трим Лум, одигран во рамки на 28. коло од Првата МФЛ на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, како и поради присуство на неслужбени лица на теренот и во службените простории и физички напад врз претставници и фудбалери на гостинската екипа.

На денешната седница беа изречени санкции и за Иван Варадиновски, шеф на стручниот штаб на ФК Кожуф, со забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари, како и за Трајче Ников, тренер на голмани на ФК Кожуф, исто така со забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари.