Дива лисица влегла во затворениот дел на Националната зоолошка градина во Вашингтон и убила 25 фламинга и една патка, соопшти институцијата.
Посетителите на градината затекнале крвава глетка и виделе лисица внатре во просторот со големи птици, се наведува во соопштението.
„Вработените се тешко погодени и тагуваат по 25 американски фламинга и северна патка со зашилена опашка што вчера ја уби дива лисица во отворениот дел од живеалиштето на овие птици“, се додава во текстот на АФП.
Три фламинга се повредени и се сместени во ветеринарната болница во зоолошката градина.
Јатото имало 74 птици пред нападот, а останатите биле преместени во затворен објект. Патките биле преместени во покриена површина на отворено, велат од зоолошката градина.
Официјални лица од градината велат дека дупка со големина на помала топка била пронајдена во металната ограда околу живеалиштето.
Пред еден месец, лисица заразена со беснило каснала најмалку девет луѓе, меѓу кои и еден конгресмен и една новинарка, пред да биде убиена.