Дизајнерите со емотивни зборови за Фросина Кулакова: „Ќе ја паметиме по преубавата сончева насмевка“

Македонската јавност е потресена од трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова, млада и надежна модна дизајнерка од Неготино. Таа го загуби животот во сообраќајна несреќа во Скопје, кога беше прегазена од пијан возач на пешачки премин на булеварот Партизанска.

Кулакова студираше на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, каде што нејзините професори и ментори ја паметат како исклучително талентирана и посветена студентка. Младата дизајнерка имаше големи соништа за професионална кариера, но нејзиниот живот беше прерано згаснат.

Модната креаторка Росица Мршиќ, која ја познаваше Фросина, сподели емотивна порака во нејзина чест:

„Патувај мирно и нека твојата сјајна ѕвезда најде поубаво место да продолжи да сјае. А меѓу нас ќе остане засекогаш твојата полна животна радост, колоритност и убавина што ја зрачеше постојано. Ќе ни недостасуваш неизмерно,“ напиша Мршиќ.

Основачот на институтот, Изет Цури, истакна дека Фросина била најдобар „шарен“ студент што го имал.

„Во мојата досегашна предавачка кариера никогаш не сум имал волку тешка задача пред самиот себе, да напишам објава за прерано згаснат живот на исклучително талентирана студентка.

Ќе ја паметиме по преубавата сончева насмевка, доброто срце, индивидуалниот пристап кон дизајнот, соништата за професионална реализација.

Не постојат соодветни зборови на сочувство за вака трагично изгубен живот,“ напиша креаторот, Никола Ефтимов.

Несовесното возење одзема млад живот

Фросина Кулакова трагично загина кога била удрена на пешачки премин од 20-годишен возач под дејство на алкохол. Овој случај повторно го отвори прашањето за безбедноста на пешаците и одговорноста на возачите во сообраќајот.

Јавноста и нејзините блиски бараат правда и повикуваат на поголеми мерки против несовесното возење, со надеж дека ваквите трагедии нема да се повторат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното