Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) објави дека само 42 проценти од државните институции ги доставиле податоците за службените возила до законскиот рок пред локалните избори во 2025 година. Од вкупно 1.514 институции, обврската ја исполниле 635, додека дури 879 институции – односно 58 проценти – не го направиле тоа, спротивно на Изборниот законик.
При споредба на доставените податоци со евиденцијата на МВР, било утврдено дека кај 66 проценти од институциите има несовпаѓања во бројот на возила. Дополнително, 27 институции пријавиле возила кои не постојат во регистрите на МВР, што отвора сомнежи дека тие се водат на други правни лица или се дадени на користење надвор од институциите.
На веб-страницата на ДКСК веќе е објавен Регистар на службени моторни возила, кој содржи информации за 6.637 возила – од нив 5.456 се во возна состојба, 1.003 се нефункционални, а за 178 нема податоци.
Комисијата потсетува дека објавувањето на вакви податоци е клучно за зголемување на транспарентноста и одговорноста во работењето на институциите.
Читај и ова:
- 1.Опсадна состојба во Минхен! Се слушаат експлозии и истрели: Најмалку едно лице е убиено, има повредени
- 2.ВИДЕО Падна првиот снег во регионот – се прогнозираат врнежи од 25 до 50 сантиметри снег
- 3.Месечен хороскоп за октомври 2025 година
- 4.Халид Бешлиќ се бори за живот во Сараево
- 5.Посебен режим на сообраќај утрово во Скопје поради одржување на протест