ДНК, Мијата, Ивана Петерс и детска програна на „Карпошово културно лето 2023“

Од 12 септември, на платото на „Млечен“ со почеток во 19.30 часот со настап на Драган Мијалковски ќе започне традиционалната културна манифестација на Општина Карпош, „Карпошово културно лето 2023“.

И оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации која ќе биде исполнета со перформанси за децата, младите и повозрасните, а меѓу изведувачите се ДНК, Мијата, Ивана Петерс. За „Карпошово културно лето 2023“ се одвоени 2.000.000 денари, средства од Буџетот на локалната самоуправа.

„Ги повикуваме граѓаните да дојдат и да уживаат во вечерите, кои ќе бидат исполнети со квалитетна музика и програма за сите возрасти“, велат од Општина Карпош.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното