До крајот на јануари ќе ги има сите лекови на Онкологија

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, за МИА изјави дека се очекува до крајот на јануари да бидат обезбедени сите недостасувачки лекови на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Според него, четири од шесте дефицитарни лекови ќе бидат обезбедени преку анекси, еден преку донација, а за останатиот ќе се најде решение.

Во меѓувреме, пациентите на Онкологија се соочуваат со недостаток на биолошки терапији, како што се „atezolizumab“, „bevacizumab“ и други, со страв дека наскоро ќе недостигаат и други важни лекови.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното