Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. T=12°C. P=988hPa. U=70%. V=2m/s.
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.