Доаѓа голема ерупција? Забележани промени во кратерот на вулканот на Санторини!

Неодамна забележаните вулкански промени на грчкиот остров Санторини, една од главните туристички атракции, се резултат на тековните земјотреси на архипелагот Киклади, изјави професорот по геологија Танасис Ганас, директор на одделот за истражување на Институтот за геодинамика во Атина.

Ганас изјави дека споредено со мерењата од пред шест месеци, во август 2024 година, било утврдено дека кратерот на вулканот се издигнал за четири сантиметри. Во исто време, експертите констатирале дека се проширил за шест сантиметри на исток и запад, јавуваат грчките медиуми.

„Ова е резултат на зголемената активност. Не можам да кажам дека во овој момент е алармантно, имајќи предвид дека бевме сведоци на истиот феномен во периодот меѓу 2011 и 2012 година, по што немаше ерупција. Сепак, тоа е важна промена која бара внимателно следење“, рече Ганас.

Овие промени, како што објасни, се резултат на издигнувањето на магмата од длабочините на Земјата до магматската комора, која се наоѓа на три километри под кратерот на вулканот на Санторини.

Првите мерења покажуваат дека магмата е повисока за пет милиони кубни метри, додека во последната криза на активноста на вулканот во 2011-2012 година таа се зголемила три пати повеќе – 15 милиони кубни метри, поради што е потребно да се следи за да се види како понатаму ќе се развива, посочи Ганас.

На Санторини се регистрирани повеќе од 15.000 земјотреси, од кои најсилните биле со јачина над пет степени.

Исто така, повеќе од 12.000 од вкупно 15.000 жители го напуштиле Санторини, па се зголемуваат стравувањата за туризмот, кој е главен извор на приходи за тој остров со повеќе од три милиони гости годишно.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното