Добитник на Нобеловата награда за мир за 2025 година е Марија Корина Мачадо. Таа ја освои наградата за мир поради својата долгорочна борба за демократија и човекови права во Венецуела.
Според пишувањата на норвешките медиуми, комитетот за доделување на наградата ја донел својата одлука во понеделник, пред објавувањето на договорот.
Во центарот на вниманието на светските медиуми беше желбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, тој да биде добитник на ова признание, пренесува Ројтерс.
Како што се наведува, Трамп јавно зборувал за својата желба за наградата која ја освоија четворица негови претходници – Барак Обама во 2009, Џими Картер во 2002, Вудро Вилсон во 1919 и Теодор Рузвелт во 1906 година.
Сите, освен Картер, ја освоиле наградата додека биле на функција, а Обама бил прогласен за лауреат помалку од осум месеци по преземањето на должноста, што е иста позиција во која се наоѓа Трамп во моментот.
Стручњаците за Нобелова награда сметаат дека е многу малку веројатно името на Трамп да биде прочитано во Нобеловиот институт во Осло.
Комитетот соопшти дека годинава биле номинирани 338 кандидати, од кои 244 поединци, а 94 организации, што претставува зголемување во споредба со минатата година кога биле 286 кандидати.
Според податоците од кладиониците пред објавувањето на добитникот, шансите Трамп да ја освои Нобеловата награда за мир вчера значително паднале од 4,9% на 2,7%, според онлајн кладионицата „Polimarket“. Од друга страна, според кладионицата „Star Storps“, шансите му биле 16,7%, додека претходно биле 33,3%.
Најголеми изгледи за освојување на Нобел за мир имала иницијативата за хуманитарна помош во Судан, каде во 2023 избувнал граѓански конфликт – „Sudan’s Emergency Response Rooms“ (ERR) со 32% шанси, додека следеле „Лекари без граници“ со 13% и удовицата на рускиот опозиционер Алексеи Навални, Јулија, со 10% шанси.
Нобеловиот комитет истакнува дека е навикнат да работи под притисок од луѓе или нивни поддржувачи кои тврдат дека ја заслужуваат наградата.
„Сите политичари сакаат да ја освоат Нобеловата награда за мир“, изјави претседателот на комитетот, Јорген Ватне Фриднес.
Читај и ова:
- 1.Докторот Шаини ја демантира вмешаноста на сопругата во вооружениот напад: „Фала му на Бога, мојата сопруга и ќерките се живи и здрави“
- 2.Сончево време со умерен северен ветер низ земјата
- 3.Шпанија: Црвен метеоролошки аларм во регионите Мурсија и Валенсија
- 4.Полицијата спречи илегален транспорт на мигранти – двајца неготинчани приведени!
- 5.Разрешен директорот на Неврологија, Игор Кузмановски!