Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се огласи на платформата X откако Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави го отстрани неговото име, како и имињата на голем број функционери и компании од Република Српска, од списокот на санкционирани лица.
Додик им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници, наведувајќи дека одлуката за укинување на санкциите е „исправување на голема неправда“.
„Му сум благодарен на претседателот Доналд Трамп и неговите соработници за исправањето на голема неправда нанесена врз Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства – неправда создадена од администрациите на Обама и Бајден“, напиша тој.
Тој додаде дека одлуката за укинување на санкциите не е само законска, туку и „морална рехабилитација на вистината за Република Српска и сите што ѝ служат чесно“.
„Уште еднаш се покажа дека сè што беше кажано против нас беше лага и пропаганда, врз која беше изграден големиот хаос што го создаде Кристијан Шмит – хаос што мора да се исчисти. На оние што се фалеа и веруваа во туѓите лаги овие години може да им се прости сè, освен годините што ги изгубивме затоа што веруваа дека Република Српска ќе падне. Денес е јасно – таа никогаш нема да падне“, заклучи Додик.
Захвалан сам предсједнику Доналду Трампу @realDonaldTrump и његовим сарадницима што су исправили велику неправду нанесену Републици Српској, њеним представницима и њиховим породицама – неправду коју су створиле Обамина и Бајденова администрација.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) October 29, 2025
Одлука о укидању санкција није…