Договорот од Преспа во сите грчки медиуми, денеска масовни протести низ Грција

Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција денеска се најде во речиси сите пишани и електронски медиуми кај нашиот јужен сосед.

За денеска најавени се масовни протести низ Атина, како и низ Солун и другите градови низ Грција против прифаќање на договорот од Преспа.

Весникот „Авги“ кој важи за блисок на СИРИЗА, има интервју со премиерот Ципрас кој вели дека договорот е историски чекор напред за двете земји. Македонскиот вицепремиер, пак, е цитиран во интервју во „Реал Њуз“ каде вели дека Грција е главниот гарант за евро-атлантските интеграции на Македонија.

Опозицискиот весник „Прото тема“ пренесува резултати од истражувањето на јавното мислење според кое 66% од граѓаните велат не за договорот, а нешто повеќе бараат избори во мај за смена на Ципрас.

Претходно од Владата на Грција најавија дека договорот од Преспа ќе го има во сите весници за да го објават во целост, а во дел од весниците излезе целиот договор со цел граѓаните да се информираат, јавува дописничката на МИА од Атина.

Извор: ТВ21