Дојава за бомба во српското Собрание: Испратени контрадиверзантски екипи

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека вечерва околу 20 часот и 47 минути во системот „192“ била пријавена бомба дека во Народното собрание била поставена бомба.

„Вечерва околу 20 часот и 47 минути во системот 192 е пријавено дека во Народното собрание е поставена бомба“, изјави Дачиќ, соопшти МВР.

Контрадиверзантските екипи се веднаш испратени на местото на настанот и ќе извршат целосен увид на овој објект – изјави министерот Дачиќ.

Да потсетиме, денешната седница на српското Собрание заврши, а припадниците на Управата за криминалистичка полиција ќе спроведат истрага откако три пратенички беа повредени кога пратениците од опозицијата фрлаа димни бомби, јајца, предизвикаа тепачка и запалија факели за време на седницата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното