Мирот во повеќе скопски основни и средни училишта попладнево повторно беше нарушен поради нови закани за поставени експлозивни направи. Според првичните информации, дојавите пристигнале на официјалните електронски адреси на училиштата, предизвикувајќи итна реакција на раководствата.
Веднаш по добивањето на заканите, училиштата постапиле според безбедносните протоколи. Учениците и вработените се безбедно евакуирани, а наставата е прекината.
Пред објектите се распоредени полициски екипи.
Како дознава 4news.mk, во тек се детални антитерористички проверки од страна на единиците на Министерството за внатрешните работи (МВР) со цел да се утврди дали заканите се реални.
Испративме прашање до МВР очекуваме повеќе детали.
Се очекува Министерството за внатрешни работи да излезе со официјални информации по завршувањето на проверките на терен.