Доколку одите во Грција внимавајте на ова – 175 евра казна и одземање на возачката дозвола

Оваа година грчката полиција наместо „попријателски“ настроена со оглед на името на автопатот, по се изгледа никогаш не била поригорозна кога станува збор за пишување на казни за туристите и малтретирање на македонските државјани.

Тоа е случај не само со Македонците, туку и со луѓето од Србија кои транзитираат преку Македонија, кои на своја кожа почувствуваа како изгледаат грчките сообраќајни закони. Кога би станувало збор само за парична казна, можеби и би било подносливо, но грчката полиција освен пари, ги одзема и возачките дозволи на туристите.

На казната која ја заработил српскиот турист, вработен во српски медиум, освен 175. евра парична казна, одземена му била и возачката дозвола откако бил запрен од полиција на патот Касандра – Неа Мудања.

Според законските прописи во Грција, за возење во влечки се предвидува парична казна од 50 евра, но уште полошо е што полицијата може да ја земе возачката дозвола на еден месец поради овој прекршок.

Ова е особено непријатно за нашите туристи што патуваат со автомобил во некои од грчките летувалишта.

Возењето во влечки или отворени чевли е забрането бидејќи може да му пречи на возачот за време на маневрирањето, а полицијата, освен главните патишта, ги контролира и приодите кон плажите.

Грчката сообраќајна полиција ригорозно казнува и за алкохол, неврзување појас и пушење во возилото во присуство на деца, објавија грчките медиуми.

Грчката метеоролошка служба најави тропски температури до 40 Целзиусови степени во наредните денови.

Министерката за туризам, Елена Кунтура, кажа дека повеќе од 4,5 милиони туристи ја посетија Грција во првите пет месеци од оваа година, што е 20,4 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Најинтересно е дека полицијата може да ве казни и за оваа банална причина, односно ако немате резервни очила. Ова се однесува за оние возачи кои мораат да возат со очила и со истите се фотографирани на возачката дозвола. Полицијата покрај другите неопоходни рабооти што морате да ги имате во автомобилот треба да поседувате и резервни очила.

Глоби:
• недозволено паркирање – 40 до 80 евра
• превисока брзина – од 40 до 750 евра
• неврзани ремени – 350 евра
• непочитување на пешаците – 200 евра
• возење во алкохолизирана состојба – од 0,5 до 0,8 промили -78 евра, од 0,8 до 1,1 промили – 156 евра, над 1.1 промили – 625 евра

• опасно возење – 700 евра
• користење на мобилен телефон при возење – 100 евра
• врзување на сите ремени е задолжително
• задолжителен е триаголник
• задолжителен е противпожарен апарат
• задолжителна е прва помош

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното