Доктор советува: Чаша црвено вино го ублажува пост-ковид синдромот

Докторот и ТВ-водител од Русија, Александар Мјасников во интервју за веб порталот „Ура.ру“ истакна дека умереното пиење вино помага да се ублажи пост-ковид синфромот.

„Откако некое лице ќе прележи коронавирус, чаша црвено вино е корисно бидејќи тоа содржи ресвератрол – моќен антиоксиданс… Овој тип терапија, сепак, е несоодветен за луѓе кои не пијат алкохол“, нагласи стручњакот.

За другите, Мјасников појаснува дека е дури и полезно да се конзумира алкохол, една недела откако ќе помине акутната фаза на болеста.

Тој предупредува да не се злоупотребува алкохолот, бидејќи тој е сосем забранет во критичниот период на секоја заразна болест, која се одликува со треска и при којашто вирусот се размножува во телото.