Докторот Шаини ја демантира вмешаноста на сопругата во вооружениот напад: „Фала му на Бога, мојата сопруга и ќерките се живи и здрави“

По вооружениот напад кој се случи врз него, докторот Зекирја Шаини денеска одржа прес-конференција за јавноста, изразувајќи благодарност за поддршката и храброста од граѓаните, пријателите и медиумите.

„Сакам јавно да ја изнесам вистината за инцидентот и да ги разјаснам неточните информации кои се шират преку медиумите и социјалните мрежи. Немам никакви сознанија за мотивите на нападот и немам никакви неразрешени сметки со никого“, истакна Шаини.

Тој целосно ги отфрли обвинувањата дека сопругата на докторот, Арјета Адили, има било каква врска со нападот, нагласувајќи дека ваквите тврдења се неосновани и нанесуваат штета на неговата фамилија. „Барам од истражните органи да ја објаснат ситуацијата почитувајќи ја нашата семејна приватност и името на госпоѓата Адили“, додаде тој.

Докторот Шаини апелираше истражните органи да се фокусираат на откривање на вистинскиот сторител и да не прикажуваат инцидентот како семејна расправија или недоразбирање. „Фала му на Бога, мојата сопруга и ќерките се живи и здрави“, рече тој.

„Стојам на располагање на органите на прогонот и сум заинтересиран случајот да добие што побрзо епилог и вистината да излезе на виделина. Апелирам и до политичките субјекти да не го користат овој инцидент за политички цели, особено во текот на локалната изборна кампања“, додаде Шаини.

Прес-конференцијата беше одржана со цел точно и објективно информирање на јавноста и почитување на професионалните и етичките стандарди на новинарството.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.