Документите за екстрадиција на Палевски преведени, ќе бидат испратени денеска!

Министерот за правда, Кренар Лога, вчера го потпиша барањето за екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски кој беше уапсен во Турција.

Тој денеска во изјава за медиумите истакна дека сите документи се преведени на турски јазик.

„До крај на работен ден, исто така, и од јавното обвинителство ќе бидат преведени и ќе бидат пуштени и електронска пошта и преку нашата амбасада“, вели Лога.

Во однос на досегашната пракса со екстрадиција, Лога појасни дека се работи за стратешки партнер.

„Јас верувам дека за релативно кратко време ние ќе добиеме позитивен одговор“, додаде Лога.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното