Домашен сируп кој ќе ви помогне во топењето на масните наслаги

Овој сируп можете многу лесно да го подготвите дома и да го користите како помошник во борбата против масните наслаги. Главна состојка во него е ренот. Тој е богат со витамини од Б комплексот, железо, магнезиум и фосфор. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го намалува заморот и го стимулира создавањето на добри бактерии во цревата.

Потребни состојки:

  • 125 грама рен
  • 4 исцедени лимони
  • 3 лажици мед
  • 2 лажички цимет
  • 2 см корен од ѓумбир

Начин на подготовка:

  • Ставете ги ренот и ѓумбирот во блендер и само иситнете ги. Потоа додајте го сокот од лимоните и блендирајте три минути. На тоа додајте ги медот и циметот и мешајте додека се добие еднолична смеса.
  • Ставете ја во тегла и земајте по една лажичка од неа два пати дневно пред да јадете или пред да вежбате. Користете го три недели, а потоа направете пауза.

Не заборавајте дека многу е важно што јадете во меѓувреме и да вежбате.