Доне Таневски ја зголеми сопственоста во „Македонијатурист“

Доне Таневски, претседател на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“ АД Скопје, се стекна со 5.381 обична акција издадени од компанијата и сега поседува 105.829 обични акции, односно 23,40 проценти од вкупниот број издадени акции, соопшти компанијата преку „Македонската берза“.

„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека во три блок трансакции со вкупна вредност од 108,7 милиони денари (1,7 милион евра) деновиве на Македонската берза беа истргувани вкупно 13.702 акции од „Македонијатурист“ АД Скопје. Во блок трансакција вредна 66,5 милиони денари (околу милион евра) завчера беа истргувани 8.321 акција, кои претставуваат 1,84 проценти од основната главнина на компанијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното