Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, утре
попладне и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со
повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат
поинтензивни утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе
бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер,
особено во западните делови. Во деновите од викендот времето ќе биде
стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе
настапи дестабилизирање на времето.
Во Скопје, утре кон крајот на денот и во текот на ноќта времето ќе биде
променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од
котлината ќе има услови за појава на невреме. Во петок претпладне ќе има
повремен дожд.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува
поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени
дрвја.