Доживеала тешка траума: Позната скијачка се разбуди од вештачката кома по повредите, ова се новите информации!

Чешката скијачка Тереза ​​Нова, која доживеа тежок пад за време на тренинзите за спуст трката од Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен во јануари, е разбудена од индуцирана кома.

Нејзините лекари во Германија денеска соопштија дека Нова ќе биде однесена во Чешка.

Нова (27) на 24 јануари доживеа пад и од патеката беше однесена директно во клиниката во Мурнау, каде и беше констатирана тешка траума на главата со крварење, оштетување на каротидната артерија и скршеница на очниот отвор.

Поради природата на повредите, лекарите морале да ја стават во вештачка кома. По две недели, лекарите на одделот за интензивна нега почнале постепено да и го намалуваат седативот.

Ондреј Берандт, придружникот на Тереза ​​Нова и тренер на чешката скијачка репрезентација, се заблагодари за поддршката, но во исто време побара почитување на приватноста на чешката скијачка.

„Патот е долг, но сигурен сум дека ќе стигнеме. Заедно со родителите на Тереза ​​сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката што ја добиваме, а во исто време бараме почитување на приватноста и мирот што ќе и треба за време на нејзиното закрепнување“, изјави Ондреј Берандт.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното