Доживотен затвор за Фадил Зејнелов што при расправија ја уби својата девојка во Штип!

Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева. 

На претходното рочиште Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка Пешева, а како што кажа, мотивот е неверство. 

Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви тогаш побараа доживотна казна затвор за сторителот, бидејќи, убиството го извршил при семејно насилство.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство, обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска, но истото преминало во расправија по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата.

Откако се уверил дека не е жива, сам се предал во полиција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното