Бојата на пижамите или маицата во која спиете е одраз на вашиот сензибилитет, покажува најновото истражување.
Научниците од Бостон спровеле студија на оваа тема, а за испитаници биле земени жените, затоа што тргнале од претпоставката дека мажите механички бираат гардероба за спиење.
Врз основа на истражувањето за бојата на пижамите, чии податоци биле споредени со оние од тестот на личноста, експертите го заклучија следново:
* Оние кои спијат во бело се нежни, чувствителни а понекогаш и претерано педантни.

* Жолтата боја е “резервирана” за сонувачите,за вечните девојчиња.
* Црвени пижами одбираат страсни дами.
* Розови обично е избор на жени кои истовремено сакаат да бидат и романтични и привлечни.
* Во сино спијат спортски типови на девојки.
* Зелените пижами откриваат силна и моќна личност.





