ДПИ започнува со контроли – доколку има непочитување на мерките, казни до 10 илјади евра!

Државниот пазарен инспекторат информира дека од денеска започнуваат контроли за почитување на владините одлуки за ограничување на маржите и замрзнување на цените на прехранбените производи.

Глобите за непочитување изнесуваат од 500 до 10.000 евра, а неправилности може да се пријават на 191 или www.dpi.gov.mk. Одлуките стапија на сила и ќе важат до 30 април.

Маржата е ограничена на 5% за млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт и кисело млеко, на 10% за месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзерви, грав, ориз и тестенини, а на 15% за свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени и хигиенски производи.

Цените на осум групи основни производи се замрзнати на нивото од 1 февруари. Трговците се должни да ги обележат со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното