Драфт верзијата на новиот Закон за утврдување на потеклото на имот е во финална фаза

Министерот за правда Тупанчески уверува во најскоро време ќе биде доставена нацрт-верзијата на Предлог-законот за потекло на имот, сепак ресорниот министер тврди дека и без него може да се открие незаконски стекнатиот имот.

На ваквото тврдење на министерот реагираа антикорупционерите. Според комисијата со сегашниот систем не може да се утврди дали имотот е префрлен на некое друго лице бидејќи нивната надлежност завршува со проверка на лицето кое е избрано или именувано. Затоа и инсистираат на ново законско решение.

Претседателката Ивановска уште еднаш потсети дека колку побрзо профункционира софтверот толку подобро ќе се откриваат прекршувањата.

Веќе три години антикорупционерите го бараат овој закон како клучен за откривање имоти кои не се пријавени од функционерите или се препишани на нивни роднини или блиски луѓе. Дотогаш она што може ДКСК да го направи е да изрече глоба. Но само во случај доколку функционерите имаат имот регистриран во катастар, а не го пријавиле во анкетниот лист. Но не и ако имотот не е регистриран во катастар. Со законот за потекло на имот секој граѓанин ќе си каже од каде му е имотот.

Фиљана Кока

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното