Драган Николиќ никогаш не си простил за ова – го сметал за најголем срам во кариерата

Легендарниот актер Драган Николиќ го сакаше цел регион, а го напушти овој свет пред две години, по кратко боледување.

Драган во текот на својата долга и плодна кариера на која многумина можат да завидуваат, направил една грешка од која многу се срамел. За време на снимањето на филмот “Отпишани”, одел по шина 20 метри над земја, а во еден момент нозете му се стресле и откажале, тој легнал и ја фатил шината, а го смениле каскадери.

Сепак, бидејќи беше легенда, тоа за него останал голем срам и грешка и си ветил дека нема да има таква друга ситуација.

Драгослав „Драган“ Николиќ (20 август 1943 – 11 март 2016) е српски актер. Неговата сопруга беше популарната српска актерка, Милена Дравиќ со која го организираше полуларното ТВ шоу “Образ уз образ” („Образ до образ“).

Драган Николиќ студирал во Белградската академија на драмски уметности. Во 1967 тој глумел во класичниот филм “Кад будем мртав и бео” („Кога ќе бидам мртов и бел“), кој претставувал почеток на неговата плодна кариера. Драган Николиќ од тогаш глумел во многу филмови од различни жанрови и различни карактери, станувајќи еден од најиконските и најпрепознатливи актери во српската кинематографија.

Од сите негови улоги веројатно најпозната е улогата на „Прле“, борец за одбрана во Втората светска војна, кој го прикажал во култните ТВ серии од 1970-те, “Отписани” („Отпишани“) и “Повратак отписаних” („Враќање на отпишаните“).

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното