Драма на аеродромот во Краков: Евакуиран авион на „Рајанер“ поради чад во кабината

Авион на компанијата „Рајанер“ бил евакуиран на меѓународниот аеродром „Јован Павле Втори“ во Краков, Полска, откако екипажот забележал чад од непознато потекло во кабината. Сите патници се безбедни и вратени во аеродромскиот терминал, соопшти портпаролот на аеродромот.

Според изјавата, причините за инцидентот сè уште не се познати. Авионот е запрен на пистата, но не го попречува сообраќајот, а аеродромските служби вршат детален преглед на леталото.

„Сообраќајот на аеродромот се одвива нормално. Авионот застана на пистата, не го блокира сообраќајот. Летот за Бристол е значително одложен, а авиопревозникот ќе одлучи дали ќе биде неопходно да се замени со друг авион“, се вели во соопштението на портпаролот на аеродромот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.