Драма на небо: На авион му отпадна тркало по полетувањето!

Авион на компанијата „British Airways“ на летот BA274 од Лас Вегас за Лондон изгуби едно од тркалата на главниот систем за слетување при самото полетување.

Инцидентот е снимен од автоматизиран пренос во живо на аеродромот во Лас Вегас, каде јасно се гледа моментот кога задното десно тркало се одвојува од леталото од типот „Airbus A350-1000“. И покрај техничкиот дефект, екипажот го продолжи летот преку Атлантикот, по што авионот безбедно слета на аеродромот Хитроу во Лондон.

Од авиокомпанијата потврдија дека безбедноста на патниците не била загрозена и дека леталото е веднаш упатено на технички преглед.