Пилотот со тешка алергија на пајаци бил каснат на сред лет од „слеп патник“ – тарантула. Пилотот летал со Iberia Airbus A320 на летот од Дизелдорф за Мадрид во петокот, 21 февруари, кога доживеал тешка алергиска реакција поради убодот, пишува Canarian Weekly.
Веднаш му беше помогнато со примената на Урбасон, кортикостероид со антиинфламаторни и имуносупресивни својства, кој се наоѓаше во комплетот за прва помош на екипажот.
И покрај нападот на овој пајак, авионот на компанијата Iberia безбедно слета во шпанската престолнина, а патниците безбедно го напуштија авионот.
Авионот бил задржан на аеродромот додека стручни тимови вршеле дезинсекција, со цел да се елиминира или избрка заканата со осум нозе, пренесуваат медиумите. Следниот лет, до градот Виго во Шпанија, доцнеше три часа.
Истражителите веруваат дека пајакот влегол во авионот преку багаж од претходниот лет меѓу Мадрид и Казабланка. Авиокомпанијата Iberia соопшти дека пилотот е добро и не претрпел долгорочни последици од прободувањето.
Тарантулите се карактеризираат со долги нозе со канџи на врвовите, како и тело покриено со ситни иритирачки влакна. Овие пајаци се родени во топли и тропски региони на Америка, Азија, Африка и Блискиот Исток.
И покрај нивната големина и застрашувачкиот изглед, тарантулите обично не се опасни за луѓето, бидејќи не произведуваат токсични материи штетни за луѓето. Поради ова, понекогаш се чуваат дури и како домашни миленици.