Државјанин на Србија кој со себе носел нож, насилно влегол во српската амбасада во Атина. Тој утринава ја прескокнал оградата и влегол во дворот на амбасадата, а потоа и во самата амбасада почнал да се дере и да крши се што ќе му дошло пред себе.
Најверојатно станува збор за лице со психички проблеми, и за среќа домарот во амбасадата брзо реагирал, и го скротил напаѓачот, притоа спречувајќи ситуацијата повеќе да ескалира.
Српските медиуми објавуваат дека во тие мигови амбасадорот бил во куќата со својата фамилија, но биле заклучени во просторија додека овој немил настан не бил расчистен.
Набрзо биле викнати полицајци, кои по две и пол часовни преговори на крајот го однеле напаѓачот.