Утрово околу 8 часот на паркингот во Петровија во месноста Умаг, маж киднапирал жена. Според информациите, мажот ја турнал жената во автомобилот и се упатил во непознат правец. Жената била пронајдена во градот Мателиќи.
Полицијата трага по маж кој е во бегство. Припадници на истарската полиција и итната полиција се на терен во потрага по мажот, пишува Вечерњи лист.
Полицијата постави барикади по улиците.
Поради тоа што се работи за лице кое е веќе пријавено за тешки кривични дела, се претпоставува дека може да пружи отпор, поради што биле ангажирани интервентни полициски сили.
Тие се обиделе да го лоцираат киднаперот со помош на сигнал од мобилен телефон, но засега тоа не дава резултати.